Не само на теренот, на денешниот пријателски меч во Анталија меѓу Шкупи и Факел Вороњеж, туку и покрај него имаше што да се види. Бројни гости, познати фудбалски “фаци“ дојдоа да го видат тимот од Чаир, есенскиот првак на Македонија.
Па така тука беа селекторите на А-тимот и на оној до 21.година, Благоја Милевски и Драган Канатларовски – Цапар, секако тука беше и спортскиот директор на репрезентацијата Дени Масев. Можеше да се види и тренерот на гигантот Фенербахче Исмаил Картал, потоа тренерот на Гиресунспор Хакан Келеш. Сите тие беа убаво пречекани од првиот човек на Шкупи Олгун Ајдин.