Рују Кобајаши имаше прекрасен настап на првиот ден во Вилинген и со победата се врати на првото место во генералниот пласман, но веќе денеска го испушти. Германецот Карл Гајгер повторно го презема првото место со освоеното второ место на вториот ден на скокалницата во Вилинген.
Инаку победник беше Норвежанецот Мариус Линдвик што е трета негова победа сезонава во Светскиот куп и деветти пат е на подиумот. Третото место му припадна на Цене Превц од Словенија, а четврти Кобајаши.
Во генералниот пламан Гајгер води со 1189 поени, а втор е Кобајаши со 1186 поени. Гранеруд е трет со 910 поени, а Линдвик е четврти со 903 поени.
Во женска конкуренција во Вилинген вчера триумфираше Марита Крамер од Австрија, која воедно е прва во генералниот пласман. А денеска победи Ника Крижнар од Словенија.
Winning jump: Marius Lindvik / #Willingen, January 30, 2022#skijumping #FISskijumping pic.twitter.com/Togm4kOfXJ
— FIS Ski Jumping (@FISskijumping) January 30, 2022