Динамо Загреб ја совлада Ријека со 2:0 на „Максимир“ во меч од 21.коло во хрватската Прва лига. „Модрите“ се лидери на табелата со 43 бода, а Ријека е трета со три поени помалку. За хрватскиот првак од првата минута играа македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, а за Ријека на теренот беше Дарко Велковски.
Адеми играше до 77. минута, додека Ристовски и Велковски го доиграа мечот. Динамо славеше со головите на Шутало и Оршиќ во првото полувреме. Ријека во 89 реализира гол преку Дрмиќ кој беше поништен поради офсајд.