Ова е документот со кој ЕХФ го суспендираше Металург

1023

Металург е суспендиран од настап и во националното првенство на барање на ЕХФ поради неисплатени долгови Александер Шпенде и Зоран Кастратовиќ. И двајцата поранешни членови на тимот од Автокоманда го добиле судскиот спор во ЕХФ.

Раководството на клубот веќе неколку пати бил опоменет и ги пробил сите рокови за подмирување на обврските кон Шпенде и Кастратовиќ. Токму ова е причината поради која европската „куќа“ на ракометот од РФМ побара Металург да биде суспендиран и во домашниот шампионат, откако претходно доби суспензија и за настап во сите европски клупски натпреварувања.

„Доколку исплатата сè уште не се изврши во рок од два месеци, правата на федерацијата/клубот/играчот/функционерот што неисполнува обврските ќе бидат суспендирани и тој/таа ќе биде исклучен од натпреварите на национално и европско ниво додека не се изврши плаќањето. На состанокот на Извршниот комитет на 28 јануари 2022 година, Извршниот комитет одлучи соодветно и со ова го суспендира Клубот на национално и европско ниво додека не се извршат плаќањата“, се вели во документот на ЕХФ, кој го добивме по наше барање, а истиот можете да го видите во продолжение.


Останува да видиме дали Металург ќе успее да ги подмири долговите и да го реши овој случај. Ќе треба брзо да се реагира, за да не дојде до директно исклучување од супер-лигата. Вардар прифати да биде одложена средбата, но останува отворено прашањето дали останатите клубови ќе бидат исто отворени.

ПретходноДурански и официјално кај Рамадан во Егнатиа!
Следно11 лица учесници на ЗОИ 2022 хоспитализирани во Пекинг