Зимските олимписки игри во Пекинг, на кои ќе настапи и македонската делегација, свечено ќе биде отворено денес од 13 часот по Средно Европско време. Церемонијата на свеченото отворање ќе се одржи на стадионот „Птичје гнездо“, на кој беа отворени и Летните олимписки игри во 2008 година.
На ЗОИ 2022, годината на Тигарот според кинескиот календар, ќе учествуваат 3000 спортисти од повеќе од 90 држави кои ќе се натпреваруваат во 109 дисциплини. Пекинг е првиот град во светот кој организирал Летни и Зимски олимписки игри.
Македонија ќе ја претставуваат тројца спортисти на овие ЗОИ. Дардан Дехари ќе го носи знамето на свеченото отворање, а тој ќе ја претставува нашата држава во слалом/велеслалом на 13 и 16 февруари, потоа Ставре Јада ќе настапи во спринт слободно 1,5 км (8 февруари) и 50 км слободно (19 февруари) како и Ана Цветановска ќе настапи на 7,5 км слободно + 7,5 км скијатлон (5 февруари) и 10 км класично (10 февруари).
Олимписките игри ќе траат до 20 февруари 2022 година.
Американците се најбројни со 222 спортисти, Русија има 222, додека домаќинот Кина 170. За прв пат во историјата на ЗОИ ќе настапи Саудиска Арабија. Тие за претставник го имаат Фајик Абди кој ќе се натпреварува во велеслалом.
☀️From 2008 to 2022❄️
🔥From Summer to Winter🔥✨💪Chinese national first-class actor, Chen Gangsheng (#JackieChan #成龙) participated in today’s #TorchRelay. 🎇Are you ready for the #OpeningCeremony?#Beijing2022 #Olympics #TogetherForASharedFuture pic.twitter.com/hw3yxQJx2R
— Beijing 2022 (@Beijing2022) February 3, 2022
🎉🎆The #Beijing2022 Olympic #WinterGames #OpeningCeremony is tomorrow! 👀➡Where in the world will you watch from? ✨Let us know your city!💪🎊#Beijing2022 #Olympics#TogetherForASharedFuture
📸: Zhou Hang & Shannon Shang pic.twitter.com/t5ktjFL2pa— Beijing 2022 (@Beijing2022) February 3, 2022
☀️From Summer to Winter❄️
🏓🥇The Olympic men’s #tabletennis gold medallist, #MaLong is a torchbearer! 🔥He believes that the #Beijing2022 #Olympics #WinterGames will make more people fall in love with winter sports.💕#Beijing2022 #Olympics#TogetherForASharedFuture pic.twitter.com/R6WpU2jZIp
— Beijing 2022 (@Beijing2022) February 3, 2022