Леброн Џејмс ќе ги напушти Лејкерси поради својот син!

820

Најголемата ѕвезда на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс планира да го напушти клубот на крајот на следната сезона за да моѓе да игра со својот син Брони.

Тој настапува за тимот на средното училиште Сиера Кењон, според многумина е еден од најталентираните кошаркари во Америка на своите години.

Неговиот татко пред неколку години најави дека има желба во последната година од својата кариера да игра во ист тим со Брони, а во последните два дена се појавија информации дека овој план ќе го спроведе на дело.

„Леброн го сака Лос Аџелес, му се допаѓа да живее со своето семејство во овој град, со него му се поврзани и бизнис плановите. Но, јасно е дека неговата желба да игра со својот син наскоро ќе ја оствари, дури ако треба да го напушти градот“, пишуваат медиумите во САД.

Оклахома е еден од тимовите каде можеме да ги видиме заедно Леброн и Брони, во 2023 година ќе има право на пет пикови на драфтот во првата рунда, додека во втората уште два.

„Сакам да игра во НБА-лигата со својот син. Нема да лажам – сакам да бидам на теренот со него. Мислам дека тоа ќе биде неверојатен момент, изјави Леброн пред две години.

Леброн е подготвен да потпише договор и за помала плата само да го оствари овој сон.

ПретходноМидлсброу на пенали го елиминираше Манчестер Ј. од ФА купот
СледноМадрид „преплавен“ со фотографии од Новак Ѓоковиќ (ВИДЕО)