Јани Атанасов се најде во стартниот состав на тимот на Хајдук кој попладнево на гостувањето кај тимот на Горица обезбеди сигурна и убава победа од 0:4. Нашиот репрезентативец играше до 75. минута кога беше заменет од нам добро познатиот Емир Сахити.
Хајдук со овој триумф го освои 41. бод сезонава од 21. одигран меч, па секако дека и натаму е во жестока битка за освојување на шампионската титула, за која секако главен конкурент има во тимот на Динамо Загреб.