Екипата на ЦСКА Москва за кого настапува македонската репрезентативка, Сара Ристовски не успеа да му се реваншира на Ѓер за поразот на гостински терен. Ниту предноста на домашен терен не беше доволна за рускиот состав за да го урне лидерот во групата Б, кој и натаму продолжува без пораз. Унгарската екипа во Москва славеше со 23-27 (13-15) во рамките на 12. коло во Лигата на шампиони.
ЦСКА добро се држеше во првото полувреме, кое претежно беше изедначено, водството се менуваше, а гостинските ракометарки пред одморот успеаја да дојдат на плус два (13-15). Ѓер во продолжение заигра многу подобро, не дозволи пресврт за 12. победа во низа.
Ристовска беше стрелец на три гола од шест обиди, најефикасна беше Илина со седум погодоци. Кај Хе Рју Еун имаше седум гола.
Со овој пораз ЦСКА останува на петото место на табелата во групата Б.