МЗТ Скопје го одигра најлошиот меч оваа сезона во АБА 2-лига. Македонскиот првак го запиша вториот пораз, откако беше совладан од Сутјеска со 56-55. Избраниците на Дарко Радуловиќ имаа шанса да дојдат до бодовите, но не се снајдоа
„Сами го загубивме мечот. Не знам што да кажам, имаме искусни играчи, да не можат да решат вакви ситуации со едно едноставно додавање. Имавме шест разлика, три загубени топки во пренос на топка. Бевме подобри и во скоковите, доминиравме под кошевите, но на еден вака тврд меч да имате 22 загубени топки, тоа пресуди да го загубиме натпреварот. Мораме да се вратиме и да мислиме на наредниот натпревар против Подгорица“, изјави Радуловиќ.