Пех за Македонецот: Дардан Дехари нема да настапи на ЗОИ

596

Од Пекинг доаѓаа лоши вести. На денешниот тренинг во Јанкинг, за време на подготовките за своето прво учество на зимските Олимписки игри ПЕКИНГ 2022, Дардан Дехари незгодно паднал при што тешко го повредил десното колено, известија од МОК. Со оглед на тоа дека ќе мора да биде итно опериран, тој нема да настапи на ЗОИ.

„По првите консултации меѓу докторот Лубомир Огњеновиќ, кој е во Пекинг, кинеските доктори и претседателот на Здравствената комисија на МОК, д-р Небојша Настов, станува збор за кинење на предниот вкрстен лигамент на десното колено и Дардан Дехари итно ќе биде опериран. Да му посакаме на Дардан успешно опоравување од оваа тешка повреда и што побрзо враќање на скијачките терени“, велат од МОК.
Да потсетиме дека Дардан Дехари, кој го носеше македонското знаме на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри, требаше да настапи на трките во слалом и велеслалом кои се на програмата на Олимписките игри на 13 и 16 Февруари.
ПретходноПелистер во нов поход во Бања Лука – на дневен ред е Рогашка!
СледноЅвездата на Пеп од 117 милиони долари се „тетерави“ пред кафуле – бесен и пијан (ВИДЕО)