Зајков под итно мора да си оди од Ворксла Полтава, од Украина!

5553

Ѓоко Зајков, нашиот репрезентативен стопер кој оваа зима направи трансфер во Ворскла Полтава, мора под итно да си оди од таму, да ја напушти Украина и да се врати во Македонија.

Имено денеска МНР се огласи со соопштение во кое се повикуваат нашите граѓани во наредниот период не само да не патуваат во Украина туку ако се таму под итно да си заминат и да се вратат дома.

Тоа значи дека и Зајков, ако веќе ги следи препораките на државните власти на нашата земја ќе мора да си замине од Ворксла Полтава.

Инаку ситуацијата меѓу Украина и Русија навистина е загрижувачка. Во секој момент се очекува да започне војна меѓу овие две големи земји на истокот на Европа.

ПретходноСелмани: Ренова во Штип има што да покаже!
СледноОфицијално: Тео Ернандез во Милан до 2026!