Е. Пелистер го договори и тунискиот репрезентативец Усама Хосни!

366

РК Еурофарм Пелистер од сезоната 2022/23 ќе биде посилен за тунискиот репрезентативец Усама Хосни. Десниот бек на една од најдобрите африкански репрезентации потпиша двегодишен договор со РК Еурофарм Пелистер, почнувајќи од следната сезона. 29-годишниот Хосни во Битола ќе дојде од шампионатот на Франција, каде со успех го носи дресот на Истр. Негов матичен клуб е Клуб Африкан, а потоа во 2017 година се пресели во Франција, каде настапува веќе четврта сезона. Најнапред го носеше дресот на Иври, потоа настапуваше за Понто Комбо, а од 2019 година е член на Истр. Висок е 193 сантиметри и поседува драгоцено искуство од настапи на највисоко клупско и репрезентативно ниво. Со репрезентацијата на Тунис настапи на три Светски првенства, освојувач е на едно злато и две сребра од шампионатот на Африка, а стана и клупски првак на Африка во дресот на Клуб Африкан. Запиша 102 настапи за туниската репрезентација и постигна 125 гола. Неговото официјално претставување во Битола предвидено е пред почетокот на сезоната 2022/23.

ПретходноОфицијално: Тео Ернандез во Милан до 2026!
СледноКој ќе биде шампион на Македонија: Шкупи, Шкендија или можеби “пандевци“!