ПМФЛ-20.коло: Шампионот в сабота во Велес, сите останати мечеви се играат в недела!

710

Следниот викенд продолжуваат возбудувањата во нашата ПМФЛ и тоа со натпреварите од 20.коло, или второ во пролетниот дел. Во сабота, како што е вообичаено, се игра еден меч. Овојпат тоа ќе биде натпреварот во Велес каде се среќаваат Борец и Шкендија, се разбира се освен убедлив триумф на шампионот ќе биде голема сензација. Овој натпревар ќе биде пренесуван на ТВ во директен пренос.

Во недела се играат преостанатите пет средби. Најинтересно ќе биде на Арената во Скопје каде се среќаваат Работнички и Шкупи. И овој натпревар ќе биде пренесуван на ТВ. Се играат и средбите меѓу Струга ТЛ – Брегалница, Ренова – Македонија ЃП, Тиквеш – Пелистер и А. Пандев – Скопје.

Сите средби започнуваат од 14 часот.

ПретходноЏордан возел со 240 км на час, а полицијата му се извинила што го стопирала!
СледноБајиќ го објави поширокиот список на кошаркари за ФИБА „прозорецот“ во февруари 2022 година!