По ѕверската партија: Томовски го предводи „Дрим тимот“ во Лигата на шампиони (ВИДЕО)

249

Мартин Томовски е една од главните причини поради која Вардар 1961 извојува голема победа на гостувањето кај Монпеље во рамките на 11. коло во Лигата на шампиони. Македонскиот репрезентативен голман запиша 13. интервенции на овој натпревар, а „црвено-црните“ ставија крај на серијата од седум порази и се вратија во игра за пласман барем на шестото место на табелата.

Токму по оваа ѕверска партија, ЕХТФ без дилеми, го смести Томовски во идеалниот тим. Во него се наоѓа и екс-варадрецот, Ива Чупиќ, кој го предводеше ППД Загреб до триумф над Пик Сегед.

Како изгледа идеалниот тим за 11. коло можете да видите ТУКА. 

ПретходноЕлиф Елмас: Италија – Македонија? Шансите се 50-50!
СледноКапитенската лента направи раздор: Мегваер не сака да му ја препушти лентата на Роналдо