Историски ЗОИ за Нов Зеланд: Три медали од кои две златни

73

Нико Портиус го донесе вториот златен медал за Нов Зеланд на Зимските олимписки игри во Пекинг што е нивни трет медал на овие Игри и втор златен. Со тоа Нов Зеланд ги заокружи најдобрите ЗОИ во историјата.

Да додадеме дека првиот златен медал на овие Игри за Нов Зеланд го освои Зои Садовски во женскиот слопстајл.

Денеска во машка конкуренција Портиус кој е актуелен светски шампион имаше најдобар скор во халфпајп (93 бодови) и со тоа го подобри својот личен рекорд, бронзата од Пјонгчанг во 2018 година.

Второто место му припадна на двојниот олимписки шампион, Американецот Дејвид Вајс кој имаше оценка 90,75, додека до бронзата стигна неговиот сонародник Алекс Фереира со 86,75 бодови.

Досега на Игрите во Пекинг Нов Зеланд има две злата и една бронза што е најдобар нивни рекорд на ЗОИ. Инаку прв пат учествувале во 1952. година во Осло, а првиот медал го освоиле во 1992 година во Албертвил. До ЗОИ во Пекинг освоиле вкупно три медали но ниту едно злато, се до оваа година каде блеснаа во Кина.

ПретходноВМФЛ –ИСТОК: Четири желби, а само едно место кое води директно во елитата!
СледноТошевски на нова позајмица: Сега ќе игра за Землин Михаловце