Охрид сигурен во Прилеп, Скопје без шанси во Струга

115

Екипата на Охрид сигурно чекори кон плеј-офот, по Т.Пролет, дојде до нови бодови. Избраниците на Раде Стојановиќ славеа на гостувањето кај Прилеп со 21-30 и дојдоа до 12 победа во Супер-лигата со која се зацврсти на шестото место на табелата.

Гостите веднаш го наметнаа своето темпо, поведоа со 3-8, позитива која ја имаа по првото полувреме (9-14). По само неколку минути игра во вториот дел, Охрид поведе со 10-17, ова водство го одржа без проблем до самиот крај.

Додиќ со осум погодоци беше лидерот на гостите, два гола помалку имаше Николов. Трајковски со шест гола беше најдобар кај Прилеп.

Струга немаше проблем против Скопје, дојде до убедлив триумф од 35-24. Домашниот тим мечот го реши во првото полувреме, во кое „набилда“ предност од осум гола (18-10). Јанковски со 10 и Барјактаревиќ со осум гола беа лидери кај победникот.

ФОТО: ohridnews

ПретходноПетровиќ: Не одигравме како што треба, ТФТ заслужено е во финале
СледноРома се извлече од „мртвите“, Мурињо доби црвен картон (ВИДЕО)