Познат датумот за стартот на новата сезона во Серија А

229

Познато кога ќе започне новата сезона во италијанската Серија А. Првенството ќе започне на 13 односно 14 август, со пауза од 13 ноември до почетокот на јануари поради Светското првенство во Катар.

Светското првенство ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември. Серија А официјално ќе ги објави термините за новата сезона во италијанскиот шампионат за време на паузата во клупскиот шампион во март, но спортските медиумите веќе објавија дека новата кампања ќе започне во сабота и недела на 13 август и 14 август.. Според нив сезоната ќе заврши на 4 јуни. Одлуката е донесена на вчерашниот состанок на управниот одбор на Серија А. 

 

ПретходноКлоп: Ништо не е променето по поразот на Сити од Тотенхем
СледноАнглија ги трга мерките, Премиер лигата не