Клоп: Не го бркаме Сити, сакаме само да бидеме успешен тим

113

Менаџерот на Ливерпул , Јирген Клоп, изјави дека му е поважно да го одржува својот тим во одлична форма отколку колку е голема разликата со Манчестер Сити на врвот во англиската Премиер лига. Синоќа Ливерпул го уништи Лидс со 6:0 и ја покажа сета своја сила на дело.

„Искрено, ние не го бркаме Сити. В недела имаме финале за Лига купот, а Сити ќе игра првенство и веројатно ќе победи, па разликата повторно ќе биде шест бода. Не сум сигурен дека ќе имаме натпревар пред нив, па нивното водство може да се зголеми на девет бода. Треба само да ги добиваме нашите натпревари и да бидеме во одлична форма. Ние сме добар фудбалски тим и сакаме да бидеме успешен тим. Многу ми се допадна како нè поддржуваше целиот стадион. Толку многу работи се случуваат само поради навивачите“, изјави Клоп.

ПретходноВерстапен и Фетел ќе ја бојкотираат трката за ГН на Русија во Сочи!
СледноТРЕТ ПОРАЗ: „Десеткуваната“ Македонија без шанси во Тбилиси (ФОТО)