Македонија ЃП попладнево во Ѓорче со 2:1 успеа да ја победи Брегалница. Три победи во трите пролетни меча и освоени 9 бодови. Брегалница пак само еден бод. Катастрофален старт на составот на Илчо Ѓорѓиоски оваа пролет.
Македонија ЃП јуриша кон таа трета позиција, има добар тим, знаешто сака а има и одличен тренер на клупата во името на Муарем Бајрами.
Во првото пролетно коло Бајрами беше подобар од Влатко Костов (Тиквеш), потоа следуваше триумф против Ќатип Османи (Ренова) среде Тетово, а еве дека со „лекција“ и за Илчо Ѓорѓиоски (Брегалница).
Сите овие тројца важат за шампионски тренери во ПМФЛ, но ете нивните тимови губат од тимот на Бајрами.
Рековме веќе, Брегалница оваа пролет има катастрофален биланс…дали е в време за…
Да не биде уште полошо. Сепак, си знаат во раководството на Брегалница што прават. Нели?