Кристоферсен најдобар во Гармиш, а Ледецка во Крањ-Монтана

96

По Олимписките игри продолжуваат натпреварите од Светскиот куп во алпско скијање. Во швајцарски Крањ-Монтана во спустот победи Естер Ледецка од Чешка со време 1:30.17. Второто место го освои Рагнилд Мовинкел од Норвешка со заостанување од 21 секунда, а трета заврши Корнелија Хетер од Австрија. Во генералниот пласман прва остана Микаела Шифрин.

Утре на програмата е уште една трка во спуст во Крањ Монтана.

Во Гармиш-Партенкирхен во слаломот победи Хенрик Кристоферсен од Норвешка пред Лоис Мелард од Швајцарија и Мануел Фелер од Австрија. Во генералниот пласман води Марко Одермат.

Утре во Гармиш повторно ќе се одржи трка во слалом.

ПретходноФрајбург ја „спакува“ Херта и се искачи на четвртото место на табелата
СледноЈунајтед не го победи претпоследниот, овации за Ериксен на дебито за Брентфорд