Јунајтед не го победи претпоследниот, овации за Ериксен на дебито за Брентфорд

137

Во англиската Премиер лига попладнево се одиграа четири натпревари, а големо изненадување се случи на „Олд Трафорд“ каде Манчестер Јунајтед не успеа да го совлада претпоследниот на табелата Ватфорд. Четата на Ралф Рангник загуби драгоцени бодови во борбата за излез во Лигата на шампионите, денеска и покрај тоа што беше надмоќен  не успеа да го пробие бедемот пред голот на Ватфорд. Резултатот на семафорот остана 0:0.

А за Брентфорд дебитираше Кристијан Ериксен. За Данецот ова беше прв натпревар после долгата пауза поради срцевите проблеми на Европското првенство што се одржа минатата година. Тој си замина од Интер, но беше решен да продолжи со фудбалот па Брентфорд го повика во своите редови. Ериксен влезе во игра во 52. минута на мечот со Њукасл кој Брентфорд го загуби со 2:0.

Кристал Палас и Барнли одиграа 1:1.

ПретходноКристоферсен најдобар во Гармиш, а Ледецка во Крањ-Монтана
СледноПепи Горгиев: Секоја чест за Шкендија, но А. Пандев има што да покаже на дербито!