МЗТ Скопје А. ПОТВРДИ: Петровиќ е нов тренер на „штрковите“

190

Како што најави СПОРТМЕДИА, Александар Петровиќ, се враќа на клупата на нашиот шампион МЗТ Скопје Аеродром. Како што потврдија од клубот, тој од денеска и официјално е нов предводник на „сино-белата“ чета.

Петровиќ доаѓа на местото на Дарко Радуловиќ, со кого беше прекината соработката по неуспехот во финалето од Купот на Македонија пред една недела. За Петровиќ ова ќе биде трето преземање на МЗТ Скопје А., со оглед што претходно седеше на клупата на актуелниот шампион во периодот меѓу 2001 и 2007, односно 2009 и 2011 година. Во „Јане Сандански“ Петровиќ се враќа од местото шеф на стручниот штаб на Академија ФМП, каде што работеше изминативе две сезони.

ПретходноЛидс со „шут – карта“ за Биелса!
СледноНаковски В. се реваншираше за минатонеделниот пораз во градското дерби