Завршија првите полувремиња од четирите средби во 21.коло во ПМФЛ. Првиот гол падна на Чаир, каде Шкупи со голот на Куевен во 41.минита води со 1:0.
Во големото дерби под Шара, Шкендија и Академија Пандев играат убав фудбал, се надигруваат, но нема голови, резултатот по првитте 45.минути е 0:0.
На тешкиот терен на Автокоманда еден удар од далечина на Јаневски кај домашните, два за гостите преку Рушевиќ и Тодоровски. Сепак гол имаше во 45.минута и тоа на Максимов за водство на Работнички.
Во Велес резултатот е 0:0, иницијативата на Струга ТЛ засега не вродува со плод.
Да се потсетиме, Пелистер – Ренова се игра утре во Охрид, а вчера Македонија ЃП со 2:1 ја победи Брегалница.