Седлоски: Не смееме лесно да примаме голови

264

Шкупи уште еднаш сезонава покажа дека заслужено е лидер на табелата и најсериозен кандидат за освојување на титулата. Денеска на Чаир е остварена уште една победа, овојпат над Тиквеш со конечни 3:2. Меч во кој Шкупи имаше светли но и темни периоди, односно моменти во кои поажа аномалии пред се во одбраната.

„Секако дека тоа беше тежок и предизвикувачки натпревар за нас, иако имавме минимална предност, создадовме многу можности во првото полувреме и им кажав на играчите во соблекувалната дека треба да бидеме попрецизни пред противничкиот гол и тие го направија тоа постигнувајќи го следниот гол. Некако невнимателно беше од наша страна кога го примивме тој гол, не требаше да дозволиме тоа да се случи, во иднина не смееме така лесно да примаме голови. Заслужена победа од наша страна и среќен сум со освоените три бода, бидејќи овие победи ја прават разликата во првенството. Им честитам на момците за трудот и пожртвуваноста што ја покажаа денеска„ – изјави тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски. 

 

ПретходноМаксимов: Многу важни три бода за Работнички
СледноЛевандовски се чуди зошто Баерн се уште не му понудил нов договор