Уште еден ракометар на Металург оди на позајмица!

277

Пикерот на Металург Андреј Митиќ оди на позајмица во тимот на Скопје, и тоа до крајот на сезоната. Раководството на клубот од Автокоманда одлучи Митиќ да го ослободи па така тој до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Скопје.

Колку за потсетување Металург досега ги ослободи Милан Лазаревски, Костадин Петров и Халил Озтурк, како и веќе споменатиот Андреј Митиќ.

Металург е во тешка ситуација, клубот е под суспензија, па така со нетрпение се очекува што ќе се случи со Металург во следните неколку денови.

ПретходноРеми во Охрид: Пелистер без победа по 21-ви пат во серија, но и Ренова не победи!
СледноПретставници на ФФМ ги посетија стадионите во Палермо и Порто!