По руската воена инвазија на Украина, Светската одбојкарска федерација (ФИВБ) донесе заклучок дека поради војната во Украина би било невозможно да се подготви и организира Светското првенство за мажи во Русија. Соодветно на тоа, ФИВБ одлучи да и ја одземе на Русија организацијата на Светското првенство во одбојка за мажи планирано во август и септември 2022 година.
„Руската одбојкарска федерација и Организацискиот комитет се соодветно информирани. ФИВБ ќе бара алтернативна земја-домаќин за да се погрижи глобалното одбојкарско семејство, вклучително и националните федерации, спортистите, официјалните лица и навивачите да се чувствуваат безбедно и горди што учествуваат на мирен спортски фестивал“, се вели во соопштението од светската куќа на одбојката.