Мешков Брест без многу избор, одбра домашен тренер!

378

Војната меѓу Украина и Русија ги помести сите граници во спортот. Репрезентациите, клубовите и играчите од овие земји во овој момент се непосакувани, иако најмалку се виновни за случувањата, сепак политиката во светот длабоко навлезе во спортот.

Во изминатите неколку дена видовме бројни заминувања на странски играчи од руските и белоруските тимови. Мешков Брест е еден од нив. Белорускиот состав кој е во групата со Вардар во Лигата на шампиони остана без тренер, откако Даниел Гордо од Шпанија и неговиот асистент Нуну Фарелу од Португалија си заминаа.

Раководството на клубот немаше друг избор, освен на клупата да донесе домашен тренер. Димитри Тихон ќе го предводи тимот од Брест, кој засега има суспензија од страна на ЕХФ за настап во ЛШ, каде сигурно ќе з
агуби бодови и оваа сезона ќе ја заврши на последното место на табелата на кое се наоѓа во овој момент.

ПретходноКако за утеха: Ремек делото на Радовиќ во Топ 5 најдобри погодоци (ВИДЕО)
СледноЕкс – стратегот на Вардар номиниран за „најдобар тренер за 2021 година“! (ВИДЕО)