Познати се групите за Светското првенство 2022

215

Вкупно 12. селекции ќе се борат за светската титула на турнирот во Сиднеј од 22.септември до 1. октомври. Во овој град во Австралија денеска беше реализирана ждрепката на групите за претстојното Светско првенство.

Ждрепката посака во групата „А“ да бидат селекциите на Белгија, Кина, БиХ, Кореја, САД, како и селекцијата која ќе го пополни местото на Русија, која е исклучена од натпреварувањето.

Во групата „Б“ пак ќе се натпреваруваат националните тимови на Франција, Србија, Канада, Нигерија, Јапонија и домаќинот Австралија.

По натпреварувањето во групи, по четирите најдобри репрезентации се пласираат во четвртфиналето, каде со ново ждребување ќе се одреди кој со кого ќе игра во елиминациската фаза од светскиот шампионат.

Четвртфиналето е предвидено да се игра на 29.септември, полуфиналните пресметки се ден подоцна, додека битката за златниот односно бронзениот медал на програмата се на 1. октомври.

ПретходноУЕФА „УДРИ“ и по Белорусија!
СледноОфицијално: Верстапен во „Ред Бул“ до 2028 година! (ВИДЕО)