Олександар Јарославски, еден од најбогатите Украинци и сопственик на фудбалскиот тим Металист, објави дека ја продава својата јахта, а парите ќе ги донира за Харков, градот кој е изложен на најголем удар од страна на руската војска во инвазијата над Украина.
„Драги граѓани на Харков, почнавме со хуманитарната програма за нашиот град. Првата донација за овој уништен град ќе бидат парите од продажбата на мојата јахта. Немаме време за јахти и мора да помогнеме да го обновиме градот“, изјави Јарославски.
Вредноста на јахтата се проценува на 50 милиони евра. Јарославски е деветиот најбогат Украинец, неговото богатство се проценува на повеќе од 600 милиони евра.










