Украинскиот УФЦ – борец Игор Потиерија му прати порака на Хабиб Нурмагомедов, некогашниот светски УФЦ првак, легендарниот Дагестанец кој со своите жестоки борби и титули ги воодушеваше сите искрени спортски фанови. Брец кој стана херој на Дагестан и Русија се разбира, исто така е и голем пријател на Владимир Путин.
Токму ова пријателство со човекот кој пред 8 дена ја изврши агресијата на Украина, сега му носи и проблеми на Хабиб, барем така смета Игор Потиерија,исто така познат УФЦ-борец кој е Украинец.
“Хабибе, те сакаа милиони ширум светот. Беше пример за сите, кариерата ја започна токму во Украина. Секогаш си говорел за верата, честа, а сега молчиш, зошто молчиш Хабибе“ со овие зборови Украинецот го прозва Нурмагомедов, големиот пријател на Путин.