Откако конечно се комплетира документацијата на Даниел Аврамовски и тој е регистриран за Сараево, македонскиот репрезентативец утре ќе го има своето деби за “бордо“ тимот и тоа на вечното градски дерби против Железничар.
Мечот почнува во 17 часот а македонската фудбалска јавност секако дека ќе ја интересира, и тоа поради фактот дека тренер на Сараево е Александар Васоски, капитен Крсте Велкоски а своето деби ќе го има Даниел Аврамовски.
“Да, Аврамовски и официјално е регистран за нашиот тим и ќе биде во комбинација за утрешното дерби со Жељо“ ова се зборовите на Васоски на денешниот прес по повод утрешниот најголем фудбалски натпревар во БиХ.
Да потсетиме дека трансферот на Аврамовски во Сараево медиумите во БиХ го истакнаа како еден од најголемите во зимскиот преоден рок.