Ненад Димитријевиќ одигра уште една феноменална партија во дресот на Валенсија. Македонскиот репрезентативен плејмејкер беше прв стрелец во убедливиот триумф над Барселона на домашен терен од 86-76.
Зад своето име запиша 16 поени, седум асистенции и четири скока, едноставно беше нерешлива енигма за противникот. Димитријевиќ си поигруваше со одбраната на каталонскиот гигант, му делеше финти на Ник Калатес.
Погледнете ги сите поени на Македонецот против Барселона, има што да се види.