Двојно признание: Дибиров во „Дрим тимот“ на колото, „пируетата“ во Топ 5 голови (ВИДЕО)

277

Тимур Дибиров со седум гола го предводеше Вардар 1961 до убедливиот триумф над Елверум од 39-30 во последниот меч од групната фаза во Лигата на шампиони. Рускиот ракометар со години е една од главните сили во таборот на македонскиот првак.

Неговата блескава партија против Елверум ја одбележа мајсторијата во 56. минута од мечот, кога изведе пируета, а потоа за затресе мрежата на противникот. Овој погодок на Дибиров се најде на второто место на најдобри погодоци за последното коло.

И тука не застануваат признанијата. ЕХФТ го смести во „Дрим тимот“, кој можете да го видите на следниот ЛИНК. 

ПретходноПроблем за Пасквал, без најдобриот десен бек на двомечот со Македонија
СледноПатот на Вардар 1961 до Келн: Може ли Дејвис да го стори она што со Веспрем не успеа?