Комити прославија 35 години постоење и 75. години ФК Вардар

998

Навивачката група Комити денеска на мечот Вардар – Охрид, кој заврши со победа на нивниот миленик од 1:0 прославија 35. години свое постоење и воедно 75. години од основањето на ФК Вардар.

Верните навивачи на најтрофејниот и најдобриот фудбалски колектив во Македонија, кој во моментов е второлигаш, се најревносни и најангажирани кога станува збор за поддршката. Затоа што Комити се свесни дека сега му се најпотребни на клубот.
По тој повод, денеска на легендарната трибина Запад беа развиорени точно 75 бајраци кои означиваат симболично 75. години постоење на ФК Вардар, а воедно и презентирано и новото лого на групата како новитет по повод 35. години постоење на навивачката група.

 

ПретходноКристијано Роналдо сам го победи Тотенхем (ВИДЕО)
СледноКУП НА МАКЕДОНИЈА: Е.Пелистер третиот патник на Ф4, Пролет елиминиран во полуфиналето!