Со гол во петтата минута од судиското продолжение, на „одбиена“ што се вели по промашениот пенал на Шкулетиќ, Мартин Мирчевски со гол му донесе злато вреден бод на својот тим ТСЦ Бачка Топола на гостувањето кај Чукарички.
Популарниор Минче погоди за 1:1 во самиот финиш на мечот, откако влезе во игра десетина минути претходно како „џокер“ за да спаси ситуација што се вели.
Нашиот интернационалец и тоа како ја оправда дадената шанса со гол кој му донесе екстра бод и реми на неговиот тим.