Завршија првите полувремиња од четирите мечеви од 23.коло во ПМФЛ. Шкендија под Шара, со голот на Дориев води против Тиквеш. Водство има и тимот на Академија Пандев против Струга ТЛ, Шаркоски со убав гол му донесе 1:0 на својот тим. И во Штип домашните водат, Георгиев стрелаше за 1:0 против Борец.
Интересно е во Ѓорче. “Пиратите“ даваат силен отпор кај Македонија ЃП. Имаа и водство со прекрасниот гол на Хајдари, но Воша израмни на 1:1.
Вчера Шкупи го победи Работнички со 2:0, а утре се игра мечот меѓу Ренова и Пелистер.