Пасквал: Македонија е фаворит, ќе биде „пеколно“ во Скопје, но моите момци имаат една опција!

356

Чави Пасквал ќе се обиде да донесе подобри национални ракометни денови во Романија. Искусниот стратег токму против Македонија ќе се обиде да направи чекор напред кон Светското првенство следната година.

Пасквал има горчливо искуство кога станува збор за бараж пресметките против „црвено-жолтите“, токму по поразот од Македонија си поднесе оставка. Свесен е дека и на оваа средба неговиот тим не е фаворит, но верува дека може да се добие бараж двомечот.

„Работевме многу добро од септември, поголемиот дел од тимот знае што треба да направи. Против Македонија ќе биде тешко, оваа репрезентација е подобра од нас, играше на последните турнири, имаат искуство. Моите момци се „гладни“ да направат важни резултати. Атмосферата е добра, единствениот проблем е што имаме повредени играчи и мораме да направиме некои потези, но имаме решенија. Единствена ооција за да го минеме овој бараж е да направиме добар резултат во Македонија на гости, каде не очекува неверојатна атмосфера. На мечот во Букурешт ќе ни треба полна сала, но за тоа најважно е да постигнеме добар резултат на гости“, изјави Чави Пасквал, селекторот на романската машка ракометна репрезентација.

ПретходноЗајков сезоната ќе ја доигра во Бугарија
СледноМилевски утре со списокот: Адеми ќе дојде, сепак тешко дека ќе игра во Палермо