Антонио Конте од јуни е новиот тренер на ПСЖ. Оваа “бомба“ ја најавуваат медиумите во Франција, а посебно оние од Италија. Италијанците дури известуваат дека ПСЖ веќе почнал преговори со Конте и дека сите досегашни комбинации отпаѓаат, како онаа на Зидан, и дека сега прва цел на пребогатите шеици, е стратегот на Тотенхем.
Иако во повеќе наврати Италијанецот кажа дека нема намера да си оди од Лондон, но факт е дека тој е во постојан судир со првиот човек на „спарси“, Даниел Леви. Конте многу добро знае дека со Тотенхем веројатно никогаш нема да ги стигне Сити или Ливерпул,да биде на нивно ниво, и затоа посакувал нов предизвик.
ПСЖ со Конте ќе добие и тоа каква дисциплина во соблекувалната, одамна е познато дека овој стратег не трпи “ѕвезди“ и “ѕвездички“ и дека веројатно е идеалното решение за клупата на ПСЖ.