Ракометарите тргнаа во поход на Букурешт, Лазаров ги поведе и Серафимов и Костески (ФОТО)

601

Македонската ракометна репрезентација по триумфот над Романија немаше многу време за одмор. Кирил Лазаров и неговите момци веќе се на скопскиот аердром, со чертер лет заминуваат за Букурешт каде утре (17 часот по македонско време) го играат реваншот против имот на Чави Пасквал.

Освен оние кои вчера го одиграа мечот во Скопје, на летот за Букурешт се и Мартин Серафимов и Ненад Костески. Од првичниот список на Лазаров и за овој меч не се во комбинација Кизиќ, Ѓорѓиев и Стојковиќ.

Убедливата победа од 30-22 на првата средба во Скопје треба да биде доволна за пласман во последниот бараж меч за место на СП 2023 година, а таму последната пречка се вика Чешка.

ПретходноНа Романците не им се допаднала атмосферата во Скопје: Навивачите не знаеја што е фер-плеј
СледноЛампард ја скршил раката прославувајќи го голот против Њукасл