И официјално и дефинитивно, Пане Блажевски останува на клупата на Тиквеш и тој ќе го води тимот во Првата лига. Како што истакнуваат од раководството на кавадаречкиот, сега веќе, прволигаш, тие немаат намера да експериментираат и одат на сигурно.
Првите луѓе на Тиквеш имаат апсолутна доверба во Блажевски кој како стратег на тимот ги однесе кавадарчани во Првата лига и тоа по пауза од цели 17 години.
Тоа ќе биде еден вид награда за успехот на Блажевски со екипата.
Инаку се уште трае еуфоријата во градот по повод пласманот на Тиквеш во елитата. Иако од бараж мечот со Силекс, во кој кавадарчани славеа со 1:0, мина речиси една недела, топ – тема во градот е Тиквеш и само Тиквеш.
Сега се прават проценки што може овој тим на Тиквеш во друштво на најдобрите.
Инаку дознаваме дека Тиквеш има намера осетно да го засили својот тим, во моментов се преговара со повеќе играчи, но за имињата ќе се знае на крајот на оваа недела.