Триумфално враќање на Федерер во Париз

260

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер по две години се врати во Париз и оствари убедлива победа на стартот на Грен Слем турнирот. Федерер го совлада Денис Истомин од Узбекистан, со 6:2, 6:4, 6:3. Вториот ден од вториот Грен слем во сезоната го одбележа и успехот на третиот играч на планетата, Данил Медведев, кој победи на еден натпревар на Ролан Гарос за првпат во кариерата.

Федерер не играше минатата сезона во Париз, и ова е само негов втор настап во последните шест сезони, откако имаше пауза од 2015 до 2019 година. Иако сезоната ја започна на земја со неуспех во Женева и пораз во првото коло од Андухар, тој сега  играше многу подобро.

Федерер сега го чека подобриот играч од пресметката меѓу Марин Чилиќ и Артур Ридернек.

ПретходноИличиќ: Ќе навивам за Македонија на ЕП, затоа што играат модерно
СледноГлигоријевиќ и Ѓорѓиевски продолжуваат со Куманово