Е.Пелистер 2 обезбеди место на фајнл-фор завршницата во Купот на Македонија, па Битола ќе има два учесници. Избраниците на Александар Јовиќ убедливо го совлада Прилеп со 22-38 во финалето од групата Г.
Белистојановски со девет погодоци, Ѓорговски со осум и Петар Атанасијевиќ со шест го предводеа својот тим до победата. На другата страна Шокоски постигна шест погодоци.
Е.Пелистер 2 не виде мака на овој натпревар, истиот го реши уште по првото полувреме по кое имаше позитива од 11-20.
Претходно место на Ф4 покрај Е.Пелистер обезбедија Бутел Скопје и Вардар.