Енрике: Ако не успееме на СП 2022 не треба да ме бркаат, сам ќе си одам

435

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике, пред новинарите објасни зошто се уште не го продолжил договорот.

„Се уште не сум одлучил дали ќе продолжам да работам со тимот по Светското првенство во 2022 година. Чувствувам поддршка од федерацијата, таа всушност ме покани двапати, и јас чувствувам искрена наклонетост кон неа, а исто така се чувствувам и сигурен. Но, која е поентата на договорот ако не ги постигнеме целите на Светското првенство? Ќе видиме после турнирот. Благодарение на оваа работа, јас сум на седмо небо, а причината поради која се уште не сум го обновил договорот е поради себе. Ако не успеам на СП, нема да мора да барате да ме отпуштат, ќе си одам сам“, изјави Енрике.

ПретходноАнглија со пресврт подобра од Швајцарија, Ирска извади реми со Белгија (ВИДЕО)
СледноШпанија во 90. минута до победа над Албанија (ВИДЕО)