И во Кавадарци без победник, Алкалоид го освои Неготино, Пролет „живна“

170

Втората рунда од плеј-офот е комплетирана со дуелот меѓу Тиквеш и Е.Пелистер 2. И оваа средба заврши без победник 31-31 (16-16). Кондев постигна 11 гола кај домаќинот, додека кај гостите Ѓорговски имаше девет погодоци.

Во салата „Јасмин“ се одигра вистински дерби натпревар, водството се менуваше постојано, а во одлучувачките моменти подобро се снајдоа ракометарите на Тиквеш. Со серија од 4-0 дојдоа до водство од 23-21, но тоа пак не беше доволно за сигурен триумф. Битолчани најдоа сили и начин да се вратат од три гола негатива (27-23), дури и да дојдат на плус два (29-31). Не ја искористија оваа предност на крајот дуелот заврши без победник (31-31).

Во плеј-аутот, Пролет се врати на победите по разочарувачката елиминација во Купот, на домашен терен ја совлада Струга со 35-30. Пецаковски со осум гола беше најдобар кај скопјани, по пет гола имаа Крстевски, Палевски и Пејовиќ. Кај гостите Барјактаревиќ имаше осум гола.

Алкалоид продолжи онаму каде што застана, во првиот меч од плеј-офот во Првата лига беше подобар на гости кај Неготино со 21-27. Дебитантот доминираше во текот на целиот натпревар.

По 7-7 на стартот го наметна своето темпо, поведе со 9-15 пред одморот и почна да чекор кон триумфот. Веќе во второто полувреме дојде на двоцифрени 13-23 и стави крај на сите дилеми, ако воопшто ги имаше. Серафимов, Илиевски, Димовски и Стојковиќ со по четири гола го водеа Алкалоид до победа, Кузманов со пет погодоци беше прв стрелец кај домаќинот.

ПретходноСерхио Перез со прва пол-позиција во кариерата во Саудиска Арабија
СледноАнглија со пресврт подобра од Швајцарија, Ирска извади реми со Белгија (ВИДЕО)