Вернер: Во репрезентацијата се чувствувам подобро отколку во Челзи

265

Напаѓачот на Челзи Тимо Вернер изјави дека се чувствува подобро кога игра за Германија отколку за лондонскиот клуб поради „различните стилови“. 26-годишниот напаѓач премина во Челзи благодарение на одличните настапи за РБ Лајпциг но не успеа да го достигне нивото на кое треба да биде во англискиот клуб.
Работите не одат онака како што посакувам во Челзи, но работите се многу подобри тука под раководство на Ханси Флик. Навистина ми е пријатно да играм фудбал без разлика каде. Но има разлики во стилот на играта во репрезентацијата и во Челзи. Тука имам поголеми шанси да постигнам гол(ови). Искрено, многу подобро се чувствувам во репрезентацијата“, вели Вернер.

ПретходноКобајаши си ја врати титулата од Светскиот куп
СледноКанада ќе ја гледаме на Мундијалот во Катар!