Канада ќе ја гледаме на Мундијалот во Катар!

1091

Репрезентацијата на Канада се пласира на Светското првенство во Катар со победата над Јамајка со 4:0 во 13-тото, претпоследно коло во квалификациите од зоната Северна и Средна Америка. На Канаѓаните кои се лидери во групата им требаше барем реми од овој меч, но тие ги освоија трите бода и извадија билет за СП 2022. Стрелци на головите беа Ларин и Буканан во првото полувреме, и Хојлет и автогол на Мариапа во финишот на мечот.
Канада е прва со 28 бода по 13 кола, со САД се второпласирани, а Мексико е трет кои имаат по 22 бода и меч помалку. Првите три обезбедуваат пласман на СП, а четвртиот, моментално тоа е Костарика ќе игра бараж.
Ова е втор пат Канада да игра на Мундијал. Првиот пат се случи во 1986 година на СП во Мексико.

ПретходноВернер: Во репрезентацијата се чувствувам подобро отколку во Челзи
СледноПортугалските власти почнаа да ги ловат препродавачите на билети за мечот со Македонија