Македонските репрезентативци полека со ладни глави гледаат на утрешната пресметка со Португалцита. Еуфоријата по мечот со Италија стивнува, па момците на Благоја Милевски веќе комплетно се фокусирани на утрешното финале на „Драгао“.
„Стигнавме на еден натпревар до светско првенство, одиме да се надигруваме. Ако можевме да ја победиме Италија, зошто не и Португалија. Имавме време да се одмориме. Доволни беа три дена да се одмориме и да се подготвиме за наредниот натпревар. Кој и да излезе на терен ќе даде максимум. Мислам дека не очекува многу поразличен меч од оној со Италија. Очекувам повеќе шанси за нас, подобра финализација и се надевам на позитивен резултат, затоа и дојдовме во Порто“, вели нашиот репрезентативец Стефан Спировски.
Тој додава дека Македонија е подготвена и за последниот чекор до Мундијалот.