Португалија беше европски првак во 2016 година, ја освои Лигата на нациите во 2019 година, а селекторот Фернандо Сантош посакува да оди чекор понапред – светска титула во Катар.
„Честитки до фудбалерите кои покажаа посветеност и спремност да одговорат на предизвикот. ВО првите 10 минути не игравме добро, реков и претходно оваа селекција на Македонија знае да игра фудбал. Постоеше добра атмосфера, дух на заедништво и поддршка од трибините. Мислам дека победата е фер и заслужена. Игравме на високо ниво. Направивме шанси за голови и реализиравме две, доволно за пласман на СП.
Што да очекувам таму? Веќе освоив два трофеја со Португалија и сонувам да го освојам и третиот. Ајде да одиме по ред. Пред нас е Лига на нации, па потоа СП. Имаме време да се подготвиме“, кажа Сантош.