Во петок во Доха (Катар) ќе се одржи ждрепката за СП 2022 со почеток во 18 часот. Синоќа уште осум репрезентации ја осигураа својата “виза“ за мундијалот, меѓу кој и Португалија која успеа да ја победи Македонија во пресудната битка на “Драгао“ во Порто со 2:0.
Па така сега Роналдо и компанија ќе се најдат во првиот шешир, односно меѓу носителите.
До одржување на самата ждрепка нема да бидат познати сите учесници на Мундијалот. Имено се чека една од репрезентација поради проблемите со Украина, а и поради одигрвуање на интерконтиненталните баражи. Секако дека се очекува Мексико и САД и формално да си ја завршат работата.
ПРВ ШЕШИР: Катар, Бразил, Белгија, Франција, Аргентина, Англија, Шпанија, Португалија.
ВТОР ШЕШИР: Холандија, Германија, Данска, Швајцарија, Хрватска, Уругвај, Мексико*, САД*.
ТРЕТ ШЕШИР: Сенегал, Иран, Јапонија, Србија, Мароко, Ј. Кореја, Полска, Тунис.
ЧЕТВРТИ ШЕШИР: Канада,Камерун, Гана, С. Арабија, Еквадор, Перу-Австралија/ОАЕ, Велс-Украиа/Шкотска, Костарика-С.Острови/Нов Зеланд.