Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев во интервју за германскиот „Франкфуртер Алемајне Цајтунг“ изјави дека е импресиониран од работата на селекторот Благоја Милевски и дека доколку тој се прашува, веднаш „Сер Боби“ би добил нов четиригодишен договор.
„Да сум јас сега претседател на Фудбалската Федерација на Македонија не би имал дилеми дали Благоја Милевски е индината на оваа репрезентација како селектор. Веднаш би му го продолжил договорот на уште четири години. Тој е најдобриот селектор кој Македонија го имала некогаш. Лично сум импресиониран од тоа како работи, особено што имаше одлични успеси претходно како У21 селектор на Македонија„ – вели Панчев па додава.
„Неспоредливи се победите против Германија односно Италија. Едната е во рамките на квалификациски циклус, а другата е во бараж дуел. Сепак, и двете ќе имаат голем белег во фудбалската историја на Македонија“ – истакнува Панчев, па додава дека репрезентацијата на Македонија има голем потенцијал во себе и дека допрва ќе напредува.
„Неспорен е уделот и влијанието на Горан Пандев во репрезентацијата на Македонија. Тој е играчот кој го даде голот проти Грузија за пласман на ЕП, но не смее да се заборави дека со него во составот да речеме сме загубиле од Андора. Во моментов Македонија има фудбалери од типот на Адеми, Барди Алиоски, кои имаат голем потенцијал во себе и можат уште повеќе да напредуваат, а со тоа и репрезентацијата на Македонија“ – поентира „Кобра“.